2.МФЛ 2023/2024

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Филип Здравески
/ 30.04.2024 / 18:51

По одигрувањето на натпреварите од денешното вонредно коло во македонската втора лига екипата на Беса 1976 обезбеди историски пласман во прволигашката конкуренција.

Клубот од гостиварското село Добри Дол, кој своите натпрервари ги игра во Врапчиште, денескја испиша историја бидејќи за прв пат во својата историја обезбеди пласман во првата лига. Со 4:0 го преслушаа Охрид Лихнидос и со тоа математички си обезбедија пласман на еднои од првите две места кои водат ранг погоре. Им помогна и Саса која одигра без голови на гости кај третопласираната Детонит Плачковица.

Беса 1976 цела сезона е на врвот, а верно ја следи битолски Пелистер кој наредното коло исто така може да го завери враќањето меѓу елитата. Наредното 28. коло се игра в сабота од 17 часот.

Резултати од 27. коло:

Стадион „Врапчиште“ во Врапчиште
Беса 1976 – Охрид Лихнидос 4:0 (2:0)
Голови: 21′, 44′, 60′ Емир Скендери, 70′ Филип Алексовски
Главен судија: Александар Василевски (Скопје)

Стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола
Пелистер – Тетекс 3:0 (2:0)
Голови: 4′ Бојан Спиркоски, 22′ Симеон Христов, 55′ Благоја Љамчевски
Главен судија: Ангел Гелов (Кавадарци)

Стадион „Речица“ во Голема Речица
Арсими – Башкими 1947 2:0 (1:0)
Голови: 18′ Аљбин Рамадани, 60′ Емран Рамадани
Главен судија: Јордан Јовановски (Гевгелија)

Стадион „Железарница“ во Скопје
Скопје – Победа 1:1 (1:0)
Голови: 29′ Мердијан Рамадани - 63′ Ивица Трајкоски
Главен судија: Фуркан Идризи (Тетово)

Стадион „Цвај Арена“ во Неготино
Вардар (Н) – Осогово 3:0 (1:0)
Голови: 20′ Сунај Хасан, 57′ Кирил Неделков, 74′ Аделин Ќазимов
Главен судија: Бенјамин Ќерими (Скопје)

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Караорман – Беласица 0:4 (0:4)
Голови: 16′ Никола Талески, 27′ Петар Гугуљанов, 36′ Костадин Капсаров, 41′ Александар Милушев
Црвени картони: 84′ Стефан Тодороски (К)
Главен судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Стадион „Градски“ во Гевгелија
Кожуф – Новаци 2:1 (1:1)
Голови: 17′ Џихан Адили, 76′ Метин Иљази – 2′ Благој Стојчев
Главен судија: Димитар Левески (Охрид)

Стадион „Градски“ во Радовиш
Детонит Плачковица – Саса 0:0
Главен судија: Марјан Младеновски (Скопје)

Табела:

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Фудбал

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Read more
 

Спорт

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе