В недела промоција на автобиографијата на првата македонска Ромка што завршила Медицински факултет

На 7 април (недела) со почеток во 12 часот во КПС „Центар - Јадро“ ќе се одржи промоција на автобиографската книга на д-р Џемиле Берат - првата Ромка од Македонија што завршила Медицински факултет.

Родена во Крива Паланка во сиромашно ромско семејство со шест деца, Џемиле завршила основно и средно образование во родниот град со одличен успех, како една од најдобрите ученици во генерацијата. Во 1976 година се запишала на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје и станала првата жена Ромка запишана на факултетот во Македонија, а и пошироко во тогашните југословенски простори. Нејзините најблиски со скептицизам и недоверба гледале на одлуката на студира мецицина, а изненадени биле и професорите на факултетот, но и воодушевени и ја поддржувале за време на целите студии.

Откако дипломирала, се вработила во Здравствениот дом во Крива Паланка, а потоа се префрлила во Воената амбуланта во Бјеловар, Хрватска, каде што бил прекомандуван нејзиниот сопруг, инаку воен доктор. По распадот на Југославија се вратила во Македонија и почнала да работи во Воената болница, каде набргу почнала специјализација по психијатрија на Клиниката за психијатрија. Сè до пензионирањето пред три години, работела во Воената болница како специјалист-психијатар.

„Работата си ја сакав и работев со голема љубов, професионалност, одговорност и преданост. На работното место ја почувствував стигматизацијата и како жена, но и како Ромка. Пишувањето на оваа автобиографска книга ја чувствував како должност зашто сакав да биде мотивирачка за сиромашните, интелигентни млади луѓе, особено за мојата ромска нација, дека желбата, трудот и упорноста секогаш победуваат во остварувањето на својот сон, како што ми помогнаа и мене. Го остварив својот сон, станав докторка и тоа прва докторка Ромка“, вели д-р Џемиле Берат.

КПС „Центар - Јадро“ се наоѓа во Дебар Маало на ул. „Алберт Ајнштајн“ бр. 2.

Д-р Џемиле Берат гостуваше во утринската емисија „Добро утро секое утро“ на ТВ Алфа:

Remote video URL
Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе