КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

УЕФА изрече жестока казна за Фудбалскиот сојуз на БиХ

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина поради однесувањето на навивачите на натпреварите против Лихтенштајн и Португалија во квалификациите за ЕУРО 2024.

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина со вкупно 66.000 евра, делумно затворање на стадионот за следниот натпревар на домашен терен и забрана за продажба на билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости.

Контролното, етичкото и дисциплинското тело на УЕФА ја казни Босна и Херцеговина со 20.000 евра и нареди делумно затворање на стадионот за следниот домашен натпревар поради дискриминаторско однесување на нивните навивачи за време на натпреварот против Португалија.

Тие се казнети и со 26.000 евра поради блокирање на скалите, фрлање предмети и упад на теренот на натпреварот против португалската репрезентација. Да потсетиме, за време на натпреварот еден навивач истрча на теренот бидејќи сакаше да се фотографира со Кристијано Роналдо.

Босна и Херцеговина, исто така, беше казнета со 20.000 евра и забрана за продажба на билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости, поради употреба на пиротехника за време на натпреварот во Лихтенштајн на 13 октомври.

Популарните „Змајеви“ во ноемврискиот прозорец прво на 16-ти ќе играат на гости против Луксембург, а потоа на 19-ти во Зеница ја пречекуваат Словачка.

реклама

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе