Феникс Санс го отпушти тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота Тимбервулвс.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плеј-офот, бидејќи беа поразени од Минесота со 4-0 во партии.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плеј-офот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лос Анџелес Лејкерс, Орландо Меџик и Индијана Пејсерс.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Баденхолзр, како што тврди ESPN, е најсериозен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона. Популарниот Бад е без ангажман од пред точно една година кога доби отказ од Бакс. Бад, како и Санс, е од Аризона.