Се затвора еден од најголемите пиратски сајтови за преземање игри

Почнувајќи од 23 март, „пиратите“  ќе имаат една дестинација помалку за преземање „кракувани“ наслови.

Оние кои често пловат по дигиталното море под црно знаме сигурно налетале на GOG-Games, еден од најголемите сајтови за пиратско преземање игри. Сепак, овој сајт нема да биде достапен за јавноста долго време, бидејќи сопствениците на страницата најавија дека од 23 март 2024 година веќе нема да може да се пристапи до неа.

На страницата се појави порака со следнава содржина:

„Здраво на сите. По многу размислување, GOG-Games.to наскоро ќе стане приватна. Оваа порака ќе остане активна околу 12 часа, по што страницата ќе се врати во нормала. Конечно, на 23 март, страницата ќе стане приватна. Ви благодариме што го читате ова“.

Не дозволувајте името да ве залажува, GOG-Games не е исто што и GOG (целосно легална страница за дистрибуција на игри во сопственост на CD Projekt), туку е пиратска верзија на таа платформа. Всушност, GOG-Games е една од најголемите интернет дестинации за преземање „кракувани“ игри, која многу пирати ја сметаат за едно од најбезбедните решенија.

Не се познати причините за ваквата одлука, ниту што точно значи дека сајтот ќе стане „приватен“. Сепак, се претпоставува дека сопствениците во иднина ќе дозволуваат пристап само до донаторите, но останува да се види дали тоа навистина ќе се случи.

Потценување е да се каже дека овој месец не беше добар за љубителите на нелегални содржини. Да потсетиме, откако Nintendo успеа да ги исклучи емулаторите Yuzu и Citra, некои девелопери исто така подлегнаа на притисокот и превентивно ги затворија своите решенија за играње ретро игри на компјутери и телефони.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе