Играчите на Mortal Kombat 1 открија тајно btutality за сите ликови, кое се чини девелоперот NetherRealm беспрекорно го вметнал во видеоиграта.
Да потсетиме, сите ликови во Mortal Kombat 1 имаат brutality – сет од уникатни потези со кои победуваат на особено брутален начин, а најчесто се активираат со дополнително притискање на копче кога веќе е изведена комбинација која ќе ги отстрани последните Health поени на противникот.
Како што известува EventHubs, играчите на Mortal Kombat 1 дури сега го открија тајното brutality, кое функционира за секој лик во играта.
Ова brutality се изведува така што кога ќе ги исцедите последните Health поени на противникот, грабнете го и брутално фрлете го право „во камерата“. За да го направите тоа ова, треба да се држи притиснато „up“ и „back punch“ по што го фрлате противникот.
Ова тајно brutality беше откриено по објавувањето на петтата сезона наречена Storms, во која беше прикажан и DLC ликот Ермак за оние кои имаат Kombat Pack.