Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Поранешниот стандарден првотимец на Македонија, Бобан Николов, јавно го искажа своето незадоволство од, како што рече, „личното разочарување“ од актуелниот селектор.

Бобан Николов говореше за еден од најпопуларните македонски спортски веб-страници, Спорт1.

„И јас сум еден од разочараните репрезентативци поради односот на селекторот Милевски, и тоа од повеќе причини. Бев дел од селекцијата која оствари историски успех со пласман на ЕУРО 2020, на што сум посебно горд. Но, по доаѓањето на новиот селектор, со кого соработував како капитен на селекцијата до 21 година, очекувањата за успесите беа високи, но морам да го искажам личнито разочарување од Б.М. и тоа од повеќе аспекти. Селекторот изјави дека повик ќе добиваат играчи кои играат и имаат минутажа во своите клубови, но во мојот случај се докажува спротивното - кога не играв не добивав повик, но и кога играм пак не сум повикан“, рече Николов.

Ако едно време Бобан Николов заслужено не добиваше повик бидејќи не играше, а едно време беше и без клуб, сега повторно е изоставен иако игра стандардно во унгарското првенство за тимот на Кишварда. Затоа, пак, во репрезентацијата има фудбалери кои воопшто не играат, а одличен пример за тоа е Езѓан Алиоски, чиј последен клупски настап е на 29 август 2023 година. Популарниот Џани беше стартер на двата контроилни натпревара во Анталија - на едниот одигра 45 минути, а на другиот цел натпревар.

Воедно, Николов беше еден од носителите на играат во У21 репрезентацијата токму во времето кога селектор беше Милевски.

Целосната изјава на Николов за Спорт1 можете да ја прочитате тука.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе