Откако веста за смртта на познатиот хокеар Константин Колцов го потресе спортскиот свет, неговата долгогодишна партнерка Арина Сабаленка реши да настапи на ВТА турнирот во Мајами, каде ќе игра против нејзината најдобра пријателка.
Колцов (42) се самоубил скокајќи од терасата на хотелот во кој престојувал во Мајами. Тој пристигна на Флорида за да ја бодри својата избраничка Арина Сабаленка, второрангирана тенисерка во светот, но големата трагедија го погоди спортскиот свет.
Сабаленка и покрај сите очекувања реши да настапи на турнирот, а неколку часа по смртта на нејзиното момче беше снимена на теренот како тренира.
За играта на судбината да биде уште поинтересна, жрепката ѝ ја додели нејзината најдобра пријателка како прва ривалка на ВТА 1000 турнирот во Мајами.
Станува збор за шпанската тенисерка Паула Бадоса, тенисерка со која Сабаленка е во одлични односи. Двате се дружат надвор од теренот, заедно играа и во двојки, а ќе биде интересно да се види каков ќе биде текот на мечот само 72 часа откако момчето на Сабаленка се самоуби.
Веднаш по синоќешниот дуел помеѓу Бадоса и Симона Халеп, новинарите прашаа за ситуацијата со Сабаленка. Шпанската тенисерка реши да одговори на прашањето.
„Мислам, не сакам да зборувам за тоа, но секако таа ми е одлична пријателка. Зборувавме многу вчера, а истото е и утрово. Многу добро знам низ што поминува, ја знам целата ситуација и знам што се случува“, рече Бадоса на прес-конференцијата и додаде:
„Ова е исто така шокантно за мене, низ што поминувам бидејќи ми е најдобра пријателка. Не сакам да страда, а ова е многу тешка ситуација“, призна 26-годишната Шпанка, додавајќи дека ѝ е непријатно да игра против нејзината најдобра пријателка, особено во овој момент.
Во исто време, тенискиот свет се обедини и ја поддржа Сабаленка, а предводеше славната Данка Каролине Возниацки нудејќи ѝ ја нејзината помош. Иако ќе учествува на турнирот, Сабаленка нема да одржува прес-конференции за да избегне незгодни прашања.
Дуелот од второто коло на ВТА 1000 турнирот во Мајами меѓу Арина Сабаленка и Паула Бадоса треба да се одигра утре во 16 часот како прв на централниот терен, доколку во следните часови не се промени нешто со состојбата на Белорусинката.