Украинката Анхелина Калинина ја победи Арина Сабаленка во три сета во третото коло на ВТА турнирот во Мајами.
Калинина, 35-та тенисерка на ВТА листата, првиот сет го доби со 6:4, вториот го загуби со 1:6, но во третиот беше доминантна – 6:1. Натпреварот траеше два часа.
За Сабаленка ова беше крај на трауматичната недела во Мајами, настапи на турнирот и покрај смртта, наводно со самоубиство, на нејзиното поранешно момче Константин Колцов.
Мечот против Украинката, како и претходниот, го одигра во комплет црна опрема.
Грешките, пропуштените прилики ја доведоа до фрустрација, па во неколку наврати лутина и беспомошност го тресна рекетот на теренот. На крајот го скрши, тоа се случи по последниот поен на Украинката, а потоа ја наведна главата и го напушти теренот без да се поздрави со противничката.