РФМ СУПЕРЛИГА 2023/2024

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

РК Тинекс Пролет секогаш настојува на ферплеј и борба за бодовите на теренот, но како клуб сме апсолутно разочарани од случувањата на последните натпревари и арбитражата на судиските двојки против Бутел, Еурофарм Пелистер и против Охрид, велат од овој скопски суперлигаш од центарската населба Пролет.

„Серијата судиски кражби почна со градската пресметка со Бутел, која успеавме да ја добиеме и покрај огромните подароци што судиите Кркачев и Колевски им ги даваа на нашите противници. Така, гостите имаа 7 седмерци, ние ниту еден, на нашите ркаометари им беа покажани дури 9 исклучувања, наспроти само 2 на противникот. И покрај сето тоа, Пролет покажа карактер и успеа и покрај судиските неправди да стигне до победата“.

Пролет го совлада Бутел со 20:18, по што следуваше гостување кај Еурофарм Пелистер неочекувано тесен пораз од 32:29.

„Гостувањето во Битола против шампионот Еурофарм Пелистер беше меч на кој отидовме без пресериозни амбиции, но избраниците на тренерот Јовиќ одиграа извонреден меч што беше решен во самиот финиш, кога судиите Седлоски и Ангелески во завршните 10 минути имаа 6 грешки на штета на нашиот клуб. Битолчани, кои се сериозен колектив и не им е потребна ваква помош, изведоа 11 пенали со кои во завршницата го скршија нашиот отпор“.

„Чашата со незадоволство беше прелиена на последниот меч со Охрид, на кој од страна на судиите Металари и Николовски (не)намерно беа направени неверојатни 18 грешки на штета на нашиот тим“.

Пролет во саботата загуби дома од Охрид со 28:32.

„Деморализирачки е клуб што со години работи напорно на создавање на квалитетна база на домашни ракометари да се соочува со вакви судиски грабежи кои оставаат црна дамка на нашиот спорт“.

„Ова веќе станува ненормално. Од натпревар во натпревар судењето е сѐ покатастрофално за Тинекс Пролет. Она што го правеа судиите со Бутел, а успеавме да победиме, како да беше најава за сето она што ни се случуваше на последните две средби. Едно е да постои одредена погрешна проценка, две-три судиски грешки се нешто сосема нормално на секој натпревар, но 18 на еден дуел како овој со Охрид. Дефинитивно, ние сме сведоци на судиски криминал кој ја минува секоја граница и сметаме дека мораме да реагираме бидејќи ако овој тренд продолжи, ракометниот спорт ќе почне да тоне. Свесни сме за своите квалитети и веруваме дека (особено на домашен терен) можеме да се носиме со секого. Јавно прашуваме, зошто послабиот да не може да го победи посилниот, само затоа што судиите така ќе одлучат, секогаш во корист на финансиски помоќните клубови, а на штета на ракометниот спорт“, вели Сашо Огњеновски, директорот на РК Тинекс Пролет.

Веднаш по мечот со Охрид раководството на Пролет најави жалба, што сепак не беше испратена.

„Тоа е главниот проблем, што судиите се неказниви и како такви сите нивни грешки се ставаат под тепих. Па сведоци бевме ланската сезона на катастрофална грешка на истиот судиски пар, Металари-Николовски, на нашиот дуел со Бутел. Тогаш ние за доброто на ракометот настапивме во спортски дух, за тие судии сезонава да продолжат во ист стил, дури и полошо делејќи ја правдата на нашите натпревари. Не гледаме потреба да се жалиме кога никој не казнува судии. Нив ги делегира комисија, од која едниот член е активен судија, а другиот е активен делегат, меѓу другото и татко на за нас еден од спорните судии. Тоа е причината поради која не поднесовме жалба, кој може да ги казни и кој воопшто треба да ги казни? Не гледаме поента со регуларни жалби, па наместо тоа, решивме како клуб со видео-записи да ги објавуваме сите судиски грешки на нашите натпревари, како доказ за криминалите против Тинекс Пролет. Секоја наредна кражба ќе ја објавуваме на ист начин, преку нашата веб-страница и профилите на социјалните мрежи, за целата јавност да биде сведок на матните игри на штета на нашиот клуб. Сакам да потенцирам, во македонскиот ракомет има и исклучително квалитетни судиски парови кои професионално и достојно си ја вршат работата и вистинска штета е што нашиот спорт станува заложник на само неколку двојки кои си земаат за слобода да го кројат изгледот на табелата. За доброто на ракометот, тоа мора да престане“, порачува Огњеновски.

„За крај, како клуб порачуваме и дека секој следен сличен криминал на штета на Тинекс Пролет ќе биде испратен и до ЕХФ, бидејќи станува збор за судии со значки од Европската ракометна федерација, која сметаме дека треба да биде известена за интегритетот на овие лица и делењето на ракометната (не)правда на натпреварите од домашната сцена“.

РК Пролет објави и видео-компилација од дел од судиските грешки на арбитрите на дуелите со Еурофарм Пелистер и со Охрид, сите на - како што велат - штета на Пролет.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе