Ѕвездените ајкули се многу срамежливи суштества. Со оглед на тоа што обично живеат на дното на морето, ретко може да бидат фатени на камера и малку се знае за нивниот живот во нивниот природен хабитат.
Не е ни чудо што истражувачите од иницијативата за истражување на морските длабочини OceanX беа пријатно изненадени кога наидоа на еден таков примерок на длабочина од 850 метри додека го истражуваа морето во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати, каде што овој вид досега не бил виден.
OceanX ја фати на видео ѕвездената ајкула (Bramble Shark) во декември 2023 година додека пловеле во Оманскиот Залив.
„Тоа беше неверојатно искуство. Не видовме ништо посебно за време на тоа нуркање, па почнавме да истражуваме наоколу", изјави Касиди Нелсон од OceanX, која го сними ова необично суштество, за IFLScience.
„Кога ја видовме, баш тогаш ручавме. Нè затече. Само се појави од никаде, а потоа кружеше околу подморницата. Тоа ни даде прилично доволно време да ја набљудуваме, да направиме неколку добри снимки и да разговараме со контролата на мисијата“, додаде таа.
„Она што го знаеме за ѕвездените ајкули сме го дознале анализирајќи примероци фатени од рибари. Повеќето од примероците што ги најдовме беа мртви или болни. Кога ќе забележите животни што живеат во длабоко море во близина на плитки региони, тоа е обично затоа што тие ќе умрат или се болни“, рече Џеријла Камау-Венг од OceanX.