Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Според ново истражување, огромна змија, подолга од автобус, ползела во Индија пред 47 милиони години.

Тоа е веројатно најдолгата змија што живеела на Земјата. Го добила името Vasuki indicus, по митската змија која била околу вратот на хинду божеството Шива.

Денешните анаконди и питони растат во просек околу 6 метри, додека ова древно животно може да достигне 15 метри во должина. Била бавен предатор од заседа и го убивала својот плен така што се обвиткувала околу него и го задушувала.

Научниците од Индискиот институт за технологија Roorkee анализирале 27 фосилизирани пршлени кои биле откриени во 2005 година во рудник за јаглен во индиската држава Гуџарат. Некои сè уште беа поврзани кога беа пронајдени.

URL

Експертите првично мислеа дека коските припаѓаат на древно суштество слично на крокодил. Дури кога го отстраниле талогот од фосилните остатоци во 2023 година, сфатиле дека станува збор за праисториска џиновска змија.

„Се чини дека пршлените припаѓале на возрасна единка. Змијата била џиновска поради голем број можни фактори, како што е поволната средина со богата храна и недостатокот на природни предатори. На нејзината големина можно е да влијаеле и потоплите климатски услови“, велат палеонтолозите Дебаџит Дата и Сунил Бајпаи, пренесува CNN.

Врз основа на големината на пронајдените пршлени, научниците процениле дека станува збор за змија долга помеѓу 10 и 15 метри. Тоа значи дека конкурира на најголемиот познат вид змии - изумрената Титанобоа. Според фосилот Титанобоа пронајден во Колумбија, овој ѕвер би можел да тежи 1.140 килограми и да достигне должина од 13 метри.

Палеонтолозите наведуваат дека Vasuki indicus живеела на копно, а не во вода како анакондата. Поради својата големина, веројатно не ползела по крошните на дрвјата.

Змиите се ладнокрвни животни и им треба топлина од околината за да преживеат. Затоа, големината на овие влекачи зависи од температурата на околината.

„Нивната внатрешна телесна температура варира во зависност од температурата на околината. Значи, потоплата клима веројатно ја зголемила внатрешната телесна температура и стапката на метаболизам на оваа змија, поради што можела да порасне толку голема“, велат експертите.

Врз основа на податоците за големината и метаболизмот на сегашните змии и моменталните температури, научниците заклучија дека Vasuki indicus живеела во топла, тропска клима, со просечна годишна температура од 28 Целзиусови степени.

„Не знаеме со што точно се хранела. Во блиските карпи пронајдовме фосили од желки, крокодили, па дури и примитивни видови китови. Vasuki indicus можеби ловела некои од нив“, додаваат тие.

Истражувањето Largest known madtsoiid snake from warm Eocene period of India suggests intercontinental Gondwana dispersal е објавено во списанието Scientific Reports.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе