Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

По долга и оправдана пауза во рубриката „Пробавме” (ни прпа да јадеме по ресторани за да можеме да пробуваме), решивме да ја продолжиме со производи кои можат да се најдат во маркетите.

Ни се пријаде нешто благо. Влеговме во ЗУР во Влае. Изборот на опции да се одбере некое благце беше мал, а сакавме да пробаме нешто што не сме го купиле до сега. Окото ни го привлекоа EUROVAFEL на Swisslion. Пакувањето изгледа убаво, пристапна цена за пакување од 200 грама за 33 денари, купено.


Честа пракса кај кондиторските производи од овој тип е на пакувањето да се користат нашминкани фотографии или илустрации кои не соодветствуваат баш со реалноста која ќе ве дочека кога ќе го отворите пакувањето. Не интересираше дали и во овој случај ќе биде така, затоа што на илустрацијата не привлече правилната форма на вафлите и полнењето со крем:

Неправилни форми, изронети во самото пакување, кои на допир и гризање се склони на ронење. Oд нашминканата илустрација на пакувањето и производот во реалност, се разликуваат и пропорциите на парчињата. Вафлите се многу тенки и суви и веројатно затоа парчињата се склони на ронење, можеби и при самиот транспорт и складирање. Полнењето е сосема во ред, не штеделе на крем и неговиот вкус добро се чувствува.

Вкусот е сосема солиден, а земајќи ја во предвид евтината цена, заклучокот е дека за тие пари и не би можеле да очекуваме повеќе. Дали вреди за парите? Да, ако сакаш да се настегаш 200 грама благо за евтина цена. Доколку барате и естетика или врвен вкус во тоа што го јадете за уживањето да биде целосно, не ја очекувајте тука. Гризајте прецизно над чинија, доколку не сакате да имате и работа околу чистење, бидејќи на секој гриз летаат ронки.

thumb_up Позитивно
  • Евтина цена
  • Доволно благи
  • Доволно полнење
  • Пристоен вкус
thumb_down Негативно
  • Производ кој во реалноста се разликува од прикажаниот на пакувањето
  • Склони на ронење
    thumb_up
    Кајгана
    Оцена
    3/5
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Пробавме

Пробавме: Туна салата од Tinex ToGo, без туна

Read more

Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Read more

Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Read more

Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе