PlayStation 5 Pro е до трипати побрз, се очекува на крајот на годината

Sony наводно ја развива конзолата PlayStation 5, модел кој треба да има помоќен графички процесор и да биде до три пати побрз од постоечките модели на PS5.

Јутјуберот Moore's Law is Dead тврди дека добил пристап до технички документ на конзолата PS5 Pro, која се развива под кодното име Trinity, а сега Том Хендерсон од Insider Gaming наведува дека се точни спецификациите што протекоа во јавноста и дека конзолата треба да се појави на пазарот на крајот на годинава.

Информациите велат дека PS5 Pro има 45% подобри перформанси за рендерирање во споредба со PS5. Изгледа дека Sony може да се префрли од графичката единица AMD Radeon RX 6700 на нешто како Radeon RX 7800 XT, давајќи му можност да понуди поимпресивни перформанси.

Хендерсон тврди дека Pro ќе го следи неодамнешниот редизајн на PS5 со поддршка за отстранлив диск, и наведува дека PS5 Pro ќе има системска меморија што работи со 576 GB/s, или 28% повеќе од PS5, како и подобар хардвер за звук кој може да обработи повеќе ефекти. Исто така, PS5 Pro треба да го има истиот процесор како и основниот PS5, но со MOD со висока фреквенција на процесорот што го зголемува тактот до 3,85 GHz. Тоа би претставувало зголемување од 10% во перформансите во однос на стандардниот модел. Сепак, активирањето на овој мод ќе го забави графичкиот процесор за околу 1,5%.

Се споменува и PlayStation Spectral Super Resolution (PSSR), што значи дека конзолата, наводно, ќе користи машинско учење за зголемување на резолуцијата на сликата, што би можело да вклучи зголемување на резолуцијата до 8K во идните верзии.

PS Pro треба да се појави на пазарот во ноември 2024 година, односно на време за празниците.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе