АТП ИНДИЈАЛ ВЕЛС 2024

Пчели го прекинаа мечот Алкарас - Зверев, Синер урна рекорд на Ѓоковиќ

Макфакс/Кајгана
/ 15.03.2024 / 09:28

Карлос Алкарас закажа дуел со Јаник Синер во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Двајцата лесно ги минаа ривалите во четвртфиналето, Александер Зверев односно Јиржи Лехечка.

Алкарас го декласира Зверев со 6.3, 6:1 и му се реваншираше за елиминацијата на Австралија опен.

Мечот започна неизвесно, двајцата тенисери добија по еден гем, а потоа се случи нешто невидено на тениските и спортските терени.

Огромен рој пчели буквално го нападна Стадионот 1, камерата „пајак“ што го покрива теренот ја претворија во своја „кошница“ и ги принуди тенисерите да се повлечат.

URL

Главниот судија Мухамед Лајани го прекина мечот, а прекинот траеше речиси два часа.

URL

Дури откако локалниот „убиец на пчели“ Ленс Дејвис ги собра пчелите со правосмукалка и ги растера од стадионот, тенисерите се вратија и го продолжија мечот.

URL

Остатокот од мечот мина во апсолутна доминација на Алкарас, кој ја демонстрираше својата моќ.

Шпанецот го одигра најдобриот меч сезонава и го совлада Зверев за 90 минути активна игра.

Доминатен во своето четвртфинале беше и Јаник Синер. Италијанецот за 88 минути го победи Чехот Јиржи Лехечка со 2:0 (6:3, 6:2).

Синер победи во првите 16 меча во 2024 година и е најмладиот тенисер во историјата кој успеал да го направи тоа со само 22 години. Претходниот најмлад беше Новак Ѓоковиќ во легендарната кампања во 2011 година.

Во полуфиналето ќе играат Томи Пол против Даниил Медведев и Јаник Синер против Карлос Алкарас.

URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе