Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Сопственикот на Денвер Нагетс, Џош Кренке, откри зошто во 2017 година неговиот клуб решил да му даде шанса на српскиот кошаркар Никола Јокиќ пред репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ.

Јокиќ со години е најдоминантниот играч во НБА, а прашање е дали тоа ќе се случеше доколку луѓето од Денвер навреме не го препознаеја неговиот талент и не му дадеа можност да се докаже.

Многумина беа изненадени кога решија да го разменат Нуркиќ и да изградат тим околу Јокиќ во 2017 година, а Кренке детално зборуваше за тоа кога се појави на подкастот на Мајкл Портер.

„Ако некој ви каже дека тогаш знаел, лаже. Се сеќавам дека ми рекоа дека има момче што треба да го погледнам. Ми рекоа дека сака да остане уште една година во Европа. Сакавме што повеќе млади играчи. Ги прашав зошто сака да остане, тие ми објаснија дека тоа е најдоброто за неговиот развој. Ми покажаа видео, носеше дрес во некоја розева боја. Воопшто не можеше да скокне, но многу лесно ја фаќаше топката. Очигледно беше дека неговиот кошаркарски IQ е поголем од на сите останати. Дојде во летото 2015. Татко ми има одлични приказни од тој период, да речеме дека Никола бил во теретана со браќата. Ја смени диетата, исхраната... Тогаш го имавме и Нуркиќ и не можевме да се одлучиме што да правиме со нив. И двајцата беа талентирани центри со одлични вештини“, започна Кренке, наведувајќи дека во тој период доминантен бил Голден Стејт Вориорс.

„Се тргна во тој правец на долната петорка, со шутери од сите страни. Беше уште поекстремно од сега. Сите сакаа преку ноќ да бидат Вориорс. Не можевме да играме со Јокиќ и Нуркиќ во исто време. Имаше некои предности, но им беше тешко да ги чуваат противничките играчи, особено кога играа со четири бекови. Моравме да застанеме, да размислиме и да донесеме одлука. По првата сезона на Никола, почна втората и тогаш сфативме дека треба да избереме. И двајцата се стартни центри. Договорот на Јусуф беше блиску до истекување, аналитичарите анализираа одредени бројки, споредби... Потоа дојде таа споредба врз основа на одредени работи. На хартија пишуваше „играч А“ и „играч Б“ и споредба во нивната втора сезона. Единствената разлика е што првиот играч е две години постар. Можеше јасно да се види дека бројките на другиот играч беа подобри во сите категории. Тогаш им кажав дека ќе се обидам да погодам, па реков дека играчот „Б“ е Никола и ги прашав дали другиот играч е Нуркиќ или некој друг од НБА. Одговорот беше, тоа е Лери Брд. Аха...“, се насмеа Кренке.

Во продолжение на својата приказна тој истакна дека токму тогаш Јокиќ бил избран пред Нуркиќ.

„Кога разговарате со љубителите на кошарката, начинот на кој тој игра, не можете да го видите тоа со голо око. Кога гледате подолг период и гледате како тој влијае на играта, тогаш можете да видите сè. Тоа беше во првата недела од декември, тогаш реков дека никогаш нема да се мешам во работата на тренерот и дека нема да бирам кој да игра, но ако треба да избираме меѓу нив двајца, тој треба да го стави Никола во тимот. Неколку ноќи подоцна Јокиќ играше во стартната петорка и повеќе не излезе“, ја заврши приказната Кренке.

Јусуф Нуркиќ беше дел од Денвер од 2014 до 2017 кога се пресели во Портланд Треил Блејзерс, а од 2023 е во Феникс Санс. Инаку, во Денвер пристигна од редовите на Цедевита, но всушност тогаш на драфтот беше одбран од Чукаго Булс и веднаш трејдуван.

Никола Јокиќ во Денвер дојде во 2015 од белградскиот Мега Баскет (тимот со розеви дресови што го споменува Кренке). Но, беше драфтуван една година претходно, во 2014.

Така, Нуркиќ и Јокиќ за Денвер заедно играа две сезони (2015/2016 и 2016/2017). Нурчиќ е една година постар.

реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе