Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Редовно го чистите и средувате вашиот дом, но не можете да се справите со пајаците кои секогаш наоѓаат место да ја исткаат својата мрежа. Сепак, постои природен начин да се ослободите од овие инсекти.

Многу инсекти, како и пајаци не можат да толерираат одредени растенија, како нане. Нането со својот интензивен мирис ќе ги избрка пајаците од вашиот дом, а нема да ви прави проблем бидејќи луѓето генерално го сакаат мирисот на нане.

Со садење нане во мали саксии и стратешко поставување во агли каде што пајаците вообичаено ги плетат своите мрежи, ќе ги избркате пајаците од вашиот дом засекогаш.

Ако не ви се допаѓаат растенијата во куќата, тогаш откако ќе ја исчистите куќата, попрскајте ги просториите со освежувач на воздух со мирис на нане или направете свој природен спреј за да се ослободите од пајаците. Можете да направите природен препарат кој многу лесно ќе ги одврати пајаците и другите инсекти.

Сè што ви треба е чаша вода, половина шолја алкохолен оцет и 20 капки есенцијално масло од нане/пеперминт. Состојките ставете ги во шише со распрскувач така што прво ќе ги измешате водата и алкохолниот оцет, а потоа додадете го етеричното масло. Добро протресете ја смесата. Испрскајте го готовиот препарат на деловите од куќата кои се најчести мети за пајаците и другите инсекти.

Исто така, многу важна информација е дека овој природен спреј нема да ги убие инсектите, туку ќе ги оддалечи од вашата куќа. Прскањето треба да се прави периодично за да се спречи враќањето на пајаците и другите инсекти.

реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе