Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

За оние што со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на игрицата „Grand Theft Auto VI“, пристигнаа информации од извори блиски до проектот кои не се позитивни.

По неколку години шпекулации и огромното протекување на содржината во 2022 година, игрицата „GTA VI“ го доби својот прв трејлер на почетокот на декември минатата година, во кој беше наведено дека ќе пристигне на пазарот во 2025 година. Компанијата Rockstar Games подоцна појасни дека тоа се однесува на верзијата на игрицата за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X/S, додека на компјутер ќе пристигне малку подоцна.

Иако 2025 година е веќе далеку во очите на гејмерите кои долго ја чекаа „GTA VI“, се појавија нови шпекулации кои не им одат во прилог. Очигледно, развојот на игрицата моментално заостанува, велат извори блиски до проектот. Поради ова, Rockstar им нареди на своите вработени да се вратат в канцеларија од април 2024 година, што им беше соопштено во февруари. Раководството на Rockstar е загрижено за способноста на компанијата да ги заврши последните фази од игрицата во споменатиот рок, а се верува дека „GTA VI“ ќе се „лизне“ во 2026 година доколку сите продолжат да работат од дома.

Во новиот извештај се наведува дека претходно целниот период на лансирање на игрицата бил пролет 2025 година, што во моментов е во плановите на Rockstar, но изворите тврдат дека есента 2025 година е реално сценарио и наводно резервен план на компанијата.

Во секој случај, Rockstar не сака да ги коментира наводите за датум на лансирање по 2025 година, што само по себе кажува дека сѐ уште постои неизвесност кога „GTA VI“ конечно ќе ја види светлината на денот.

Секоја 3D игрица во легендарната франшиза имаше барем едно големо доцнење, така што истото сценарио е многу можно и за „GTA VI“. Ако навистина се лизне до 2026 година, тоа значи дека верзијата за PC не може да се очекува пред 2027 година, и тоа во најдобар случај. За потсетување, PC верзијата на „GTA V“ пристигна повеќе од една и пол година откако се појави на конзолите и беше двапати одложувана.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе