Мајка му била проститутка: Мајк Тајсон сѐ уште трага по вистинскиот татко

Еден од најпознатите боксери на сите времиња, супертешкашот Мајк Тајсон, никогаш не дозна кој е неговиот биолошки татко - макро или таксист.

Легендарниот Мајк Тајсон е најмладиот светски шампион во супертешка категорија. Мајк е речиси сигурно најконтроверзната личност која поседуваше шампионски појаси - тој беше обвинет за насилство, силување, кражба, апсен и затворан во воспитно-поправни домови, оженет и разведен, дрогиран и се тепаше дури и кога не беше во рингот. Повремено Мајк Тајсон наоѓаше изговор во хаотичното детство што го имал. Неговата мајка била проститутка од улиците на Бруклин, а официјалната верзија за неговиот татко веројатно не е точна.

Постојат најмалку две теории за таткото на Мајк Тајсон, еден од најголемите боксери на сите времиња. Самиот никогаш не дознал, односно никогаш не добил потврда дека едното од нив е точно - како момче дознал за две имиња, но тоа не било доволно. Неговата мајка Лорна Меј го претставила како Керли Ли Киркпатрик, која повремено го посетувала, но многу поверојатно е дека тој бил само макро кај кого работела неговата мајка. Во официјалните документи е наведен скромниот таксист од Јамајка, Парсел Тајсон - најверојатно еден од клиентите на неговата мајка.

„Сѐ започна на 30 јуни 1966 година. Роден сум во породилната болница 'Камберленд' во Бруклин, Њујорк. Таму се родени кошаркарите Бернард и Алберт Кинг, како и Мајкл Џордан. Мајка ми е Лорна Меј Тајсон. Жена од Вирџинија која дошла по соништата кои никогаш не ѝ се оствариле. Бев најмладиот од трите деца. Брат ми Родни и сестра ми Дениз се повеќе како мајка ми. Отсекогаш се чувствував како црната овца во семејството. Татко ми е Керли Ли Киркпатрик. Само Малку... Ако ми е татко, кој е овој човек во мојата крштеница? Станува зае*ано, нели?“, раскажуваше Мајк во своето стенд-ап шоу кое го режираше Спајк Ли.

„Мама вели дека татко ми е Керли, а на крштеницата пишува Парсел Тајсон! Како е тоа можно? Не е ни чудо што сум целиот зае*ан! Еве го доказот. До денес не знам кој е мојот татко. Керли беше макро. Парсел беше таксист од Јамајка. Наивен! Сакав да бидам син на макро затоа што тоа значеше нешто во соседството во кое пораснав. Керли можеби не беше мојот татко, но се договори со мајка ми да се појавува барем еднаш годишно. Еднаш годишно се појавуваше пред куќата со кадилак и свиреше со сирена. Дојде тато! Види каков автомобил има! 'Симнете се, пи*ки!' Ќе седевме во автомобилот мислејќи дека одиме на некое егзотично место... Ќе направевме круг околу малаото, 5 минути и тоа ќе беше сѐ. Ќе бевме побогати 5 долари, но ништо важно не се менуваше“.

Мајк Тајсон имал тешко воспитување, веќе на 10 години почнал да се кара со постари момчиња, додека соседите се обложувале на исходите од неговите натпревари. Првиот пат се скарал затоа што едно од постарите момчиња од соседството задавил гулаб кој Железниот Мајк многу го сакал, а веќе на 12 години редовно бил апсен за помали прекршоци. Тогаш никој не верувал дека ќе успее во животот, а веројатно ниту неговата мајка, со која полека создавал дистанца. На тоа влијаела нејзината работа на улиците и неговите посети во поправните установи...

„Не знам многу за мајка ми. Таа пиеше многу и ни се лутеше. Сакаше да биде учителка, а потоа го запозна татко ми, или човекот што ми беше кажано дека е мојот татко, мрзлив макро кои ѝ го промени животот. Засекогаш. Наскоро почна да работи на улица. Плати висока цена затоа што не беше девојка за тоа. Почна да пие. Мислам дека мојата зависност започна со неа. Јас сум роден со тој ген и уште се борам со него. Имам само една слика од мојата мајка, преубава е. Сигурно била среќна тој ден. Посакувам да знаев повеќе за неа. Не знаеше дека нејзиниот син ќе го напушти Браунсвил, без лисици или дрвен ковчег. Не сум роден таму каде што спомените се ставаат во семејни албуми, дојдов од дното, каде соништата исчезнуваат и најдобро е да не се сеќаваш“, рече Тајсон.

Неговата мајка починала кога Мајк имал само 16 години. Мајк и Лорна Меј во тие години не биле особено блиски, но Тајсон подоцна го постави најголемиот споменик на гробиштата, за сите да видат каде почива жената што го роди најмладиот светски шампион во бокс. Од смртта на неговата мајка до неговото полнолетство, Мајк Тајсон бил под туторство на Кус Д'Амато, боксерски тренер и менаџер кој имал одлучувачко влијание врз неговата кариера.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе