УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Луис Енрике ја сака својата Барселона, во чиј дрес направи големи работи како фудбалер, но одлично ја врши работата и како тренер на Пари Сен-Жермен, па со „Светците“ стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите токму преку елиминација на каталонскиот гигант.

Не му пречеше да гледа како неговите сонародници страдаат по тешкиот пораз во реваншот, но емоциите се едно, а одговорноста кон работата и сегашниот тим и работодавецот е нешто друго. Самиот тоа го призна.

„Беше исклучително тешко да се игра против Барселона. Сентиментално, емотивно за мене. А, во фудбалска смисла, не би сакал да играм со нив премногу пати. Многу сум задоволен што сепак поминав. Играњето против мојот поранешен тим, кој многу ми значи, беше навистина тешко. Како професионалец морам да ја работам својата работа и мислам дека направив сѐ што можев за да им помогнам на моите играчи. Сега сме во полуфиналето“, изјави Луис Енрике за Canal+.

А, тоа се зборови кои сигурно звучат убаво за ушите на Каталонците, но следните сигурно не, бидејќи нивниот човек зазеде сосема поинаков став од неговиот колега Чави за исклучувањето во 29. минута, кога машинеријата од Париз го почна својот пресврт.

„Се чувствувам многу горд. Примивме гол, но психички останавме недопрени. Продолживме да играме, да напаѓаме. Црвениот картон на Араухо беше важен фактор, но ќе победевме и без црвениот. Направивме сѐ што можевме за да бидеме подобри од Барселона. Моите играчи покажаа многу карактер, многу ентузијазам, многу желба. Оваа победа им ја должиме на нашите навивачи, особено на оние што беа со нас во Шпанија“.

Енрике не пропушти да го спомене и фантастичниот Килјан Мбапе, кој летово конечно треба да го засили Реал Мадрид.

„Тој беше лидер од почетокот до крајот. Кога тимот ќе сфати дека е толку важен, тој е подготвен сè да понесе со себе. Тогаш треба да го искористите максимумот. Би сакал да зборувам и за Витиња: тој се бори, има квалитет во неговите последни топки. Дембеле исто така беше одличен, иако му беше тешко да игра тука - Баркола, Килјан и Усман беа спектакуларни и ни дозволија да играме каде што сакавме. Детално го анализирав првиот натпревар и бев уште поубеден дека не заслуживме да загубиме. Штом влеговме во негатива денеска, играчите ја задржаа самодовербата и продолжија да ги прават вистинските работи“, заклучи шпанскиот стручњак.

Луис Енрике во својата кариера, во која играше и како напаѓач и во средниот ред, настапуваше за Барселона од 1996 до неговото пензионирање во 2004 година. Интересно, во Барса дојде по 5 години минати во лутиот ривал Реал Мадрид. Како Астуриец тоа не му пречеше, а потоа и тренерската кариера ја почна во вториот тим на Барса, а првиот го водеше меѓу 2014 и 2017 откако претходно се калеше во Рома и Селта. Од 2018 до елиминацијата на Мундијалот 2022 ја водеше Шпанија, а летото 2023 дојде во ПСЖ.

Како играч има 62 настапа за Шпанија и 2 за непризнатата репрезентација на Астурија од кои еден против Македонија во декември 2000 година. Интересно, против Македонија има играно и во дресот на Шпанија.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе