НБА 2023/2024

Лејкерс играле 56 секунди подолго - НБА мораше да признае грешка

Неверојатна сцена се случи на натпреварот помеѓу екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис, многу важна за конечниот пласман пред плеј-ин турнирот.

Натпреварот од претпоследното коло во лигашкиот дел од НБА сезоната што го одиграа Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис (123:120) го одбележа голем скандал кој беше забележан дури по крајот на натпреварот. Најдобрата светска кошаркарска лига мораше да ја признае грешката - мечот траеше 56 секунди подолго отколку што треба!

Проблемот настана доцна во третата четвртина, кога истече еден од нападите на Мемфис. На часовникот тогаш стоеше дека има 1:14 до крајот на четвртината, но времето мистериозно се врати на 2:20 и никој во салата не обрна внимание на тоа. Играчите на двата тима продолжија да со борбата, и практично меѓу 2:20 и 1:14 до крајот на третата четвртина двапати играа на овој натпревар. НБА потврди дека третата четвртина траела 13:06.

Ова е еден од најчудните пропусти кои сме ги виделе во НБА во последните години, а многумина го сметаат целиот крај на сезоната нерегуларен поради овој детаљ. Работата да биде уште полоша, на 56 секунди до крајот на четвртата четвртина, Мемфис имаше еден поен предност, кој Лејкерс успеаја да го претворат во своја победа.

Погледнете ја спорната ситуација:

URL

За Мемфис овој натпревар немаше резултатско значење бидејќи секако се имаа простено од плеј-инот рано во сезоната, но беше исклучително важен за Леброн Џејмс и неговиот тим. Лејкерс на самиот крај од сезоната се борат за најдобрата можна позиција пред плеј-инот - моментално се на осмата позиција на Западот, со една победа повеќе од Голден Стејт Вориорс и Сакраменто Кингс.

Вака изгледа табелата на Западот:

реклама

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе