Синоќа во 20:45 часот во Полициската станица Аеродром, К.И. (48) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14:20 часот во Полициската станица Карпош, Б.Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 15:45 часот во Полициската станица Драчево, А.Н. (52) од Скопје пријавил дека на ул.„Јустинијан I“ во Скопје бил каснат од куче скитник.