Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Ограничувањето на цената на руската нафта повеќе не функционира, предупреди група западни осигурителни компании, истакнувајќи дека ограничувањето само поттикнало повеќе бродови да се приклучат на флотата која се обидува да ги заобиколи ограничувањата.

За да ги ограничи приходите на Москва за војната во Украина, Г7 постави ограничување на цената на руската нафта од 60 долари за барел, заканувајќи им се на превозниците и осигурениците со санкции доколку ги сервисираат поскапите барели.

Тие поставија и ограничување за нафтените продукти како што се бензинот и дизелот, од 45, односно 100 долари за барел.

Русија почна да транспортира нафта со сопствена флота

Лимитот не ја постигна саканата цел бидејќи Русија почна да транспортира нафта со сопствена флота и бродови кои не се контролирани од Западот, предупреди во писмено соопштение Меѓународната групација на клубови за осигурување и задолжително осигурување.

Изјавата беше поднесена како писмен доказ денеска на сослушување во британскиот парламент. Во писмото групацијата наведува дека вклучува 12 осигурителни компании во поморскиот транспорт на товар кои покриваат 87 отсто од тонажата на светските океани.

„Заклучокот е дека станува речиси невозможно да се спроведе одлуката за ограничување на цената на нафтата бидејќи сè повеќе бродови и поврзани услуги учествуваат во паралелната трговија“, нагласи групата.

„Проценуваме дека околу 800 танкери веќе се повлекле од Меѓународната група на клубови, што е директна последица на воведувањето на горната граница за цената на нафтата“, додаваат оттаму.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе