Кошаркарка сруши 54 години стар рекорд на легендарниот Пит Маравич

Легендарниот Пит Маравич со 3.667 поени беше најдобриот стрелец во историјата на НЦАА кошарката во последните 54 години, сметајќи и во машка и во женска конкуренција, а во неделата навечер беше престигнат од Кејтлин Кларк.

Пред натпреварот против Охајо Стејт, на кошаркарката на Ајова Хокиис ѝ недостигаа 18 поени за да го надмине постигнувањето на неверојатниот Пистол Пит, како што го нарекуваа во текот на неговата играчка кариера, а таа успеа да го направи тоа уште во првото полувреме. Поточно, со две слободни фрлања за три секунди пред да се оди на големата пауза.

URL

„Воопшто не размислував за тоа кога ги изведував слободните фрлања, но кога го погодив второто и кога видов дека публиката во салата полуде, разбрав за што се работи“, рече Кејтлин само неколку моменти по соборувањето на рекордот, а по натпреварот додаде:

„Благодарам на сите што ме поддржаа, бидејќи немаше да можам ништо од ова без моите соиграчи кои беа покрај мене. Ѝ благодарам на публиката која не бодреше цело ова време и им благодарам за сѐ што прават, не само за женската кошарка, туку воопшто за женскиот спорт. Тие не се свесни колку ни значи нивната поддршка“.

URL

Новата рекордерка го заврши мечот против Охајо со 35 поени, а покрај тоа запиша и 9 асистенции, 6 освоени топки и 3 украдени, а нејзиниот тим победи со 93:83.

И великанот Леброн Џејмс ѝ честиташе на Кларк за достигнувањето: „Честитки Кејтлин Кларк што стана најдобар стрелец на сите времиња“.

URL

Иако бројките се на страната на Кејтлин Кларк, голем е бројот на оние што негираат дека таа го срушила рекордот стар повеќе од половина век на легендарната Маравич.

URL
За што всушност се работи?

Многу едноставно. Кошарката која се играше во периодот од 1967 до 1970 година, кога Пит беше доминантен во НЦАА лигата, и онаа што се игра денес, речиси и да не се истиот спорт. Тогаш немаше шутеви за три поени, кои беа воведени дури во 1986 година, а и нападите не беа временски ограничени.

Маравич својот рекорд го постигна на само 83 одиграни натпревари и просечно бележеше по 44,2 поени по натпревар, а според тој параметар ретко кој ќе му се доближи.

URL

Легендарниот Пит подоцна како член на Атланта Хокс, Њу Орлеанс Џез/Јута Џез и Бостон Селтикс направи одлична кариера во НБА, а почина на 5 јануари 1988 година на 40 години додека како кошаркарски пензионер со своите пријатели ја играше играта што најмногу ја сакаше и во која беше толку добар.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе