Конечно забележан исклучително реткиот Chrysler Thunderbolt од 1941 година

Сегашната понуда на Chrysler од само два модела, 300 и Pacific, во најмала рака е тажна. Но, не беше секогаш така. Пред многу децении Chrysler беше еден од водечките американски производители на луксузни автомобили и продаваше некои од најубавите автомобили во светот. Некои беа многу пред своето време, како овој иновативен Thunderbolt.

Американската компанија исто така одигра значајна улога во создавањето на пазарот за „muscle“ автомобили со раната серија 300 „letter“, како и лансирањето на првиот сериски автомобил со доминантна аеродинамичка линија - Airflow. Вториот пристигна во 1934 година, само неколку години пред Chrysler да го лансира својот прв концепт автомобил, Thunderbolt.

Идејата за Thunderbolt се родила во 1939 година кога надежниот млад дизајнер по име Алекс Тремулис (подоцна познат како дизајнерот на моделите Tucker Torpedo и Subaru BRAT) му претставил неколку скици на Ралф Робертс, извршен директор на американскиот производител на каросерии LeBaron. Импресиониран од футуристичкиот дизајн на Тремулис, Робертс организирал состанок со директорите на Chrysler, Дејв Валенс и К.Т. Келер, и добил средства за концепт на автомобил базиран на шасијата Crown Imperial.

Речиси целосно направен од алуминиум, Thunderbolt изгледаше поинаку од сѐ што во тоа време произведуваше Chrysler. Беше аеродинамичен, но ги немаше елегантните линии на Airflow и споделуваше повеќе стилски знаци со европските спортски автомобили отколку со американските возила. Користеше и скриени фарови и покриени тркала, карактеристики што претходно беа видени само на Cord 810 од 1936 година и предна табла без решетка за ладилникот - нешто што денес е карактеристично за електричните автомобили.

Chrysler и LeBaron го опремија Thunderbolt со иновативна електроника, вклучително и едноделен тврд покрив кој исчезнуваше во едно парче под капакот на задниот багажник благодарение на сложениот електро-хидрауличен механизам кој функционираше со едноставно движење на прекинувачот. Thunderbolt исто така беше првиот автомобил со закривена шофершајбна, карактеристика што не се појави на сериските автомобили до крајот на 40-тите.

Откриен на саемот за автомобили во Њујорк во 1940 година, а потоа и на серијата автомобилски паради низ САД, Thunderbolt ја напушти работилницата на LeBaron официјално како концепт со прилично конвенционална линија со 8 цилиндри и 5,3-литарски мотор. Тој мотор развиваше 140 КС и 346 Nm вртежен момент, а се инсталираше и во друг модел на Chrysler, Imperial.

Вкупно 5 автомобили ја напуштија фабриката, иако некои извори тврдат дека направени биле 6.

„The Copper Car“ - наречен така поради бакарните браници и страничните панели, е несомнено најпознатиот. Обновен во фабрички изданија, тој е единствениот преживеан примерок со работен механизам за фарови.

Вториот Thunderbolt беше направен во црвена боја со сребрен покрив и двапати менуваше сопственик во 2000-тите за повеќе од 1 милион долари. Третиот е црна верзија во приватна колекција, а четвртиот е сив автомобил кој помина многу години во музејот „Волтер П. Крајслер“ сѐ додека не се затвори во 2016 година. На петтиот примерок му се изгубени сите траги.

Овие екстремно ретки модели на Chrysler ретко ги напуштаат своите гаражи, но сивиот примерот неодамна се појави на автосемот „EyesOn Design 2023“. Иако не е толку спектакуларен како „The Copper Car“, тоа е ретка глетка и докажува дека со правилно одржување детроисткиот метал е бесмртен.

Тагови
реклама

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе