Huawei Mate 30 се произведува и без компоненти од американските компании

Откако Америка ја стави на црната листа компанијата Huawei, многумина се прашуваат дали може кинескиот гигант да произведува паметни уреди без компонентите од САД. Одговор на тоа е новиот Mate 30 кој Huawei го произведе во потполност без американските компоненти.

Имено, анализата на USB и Fomalhaut Techno Solutions вели дека новопроизведениот Huawei Mate 30 воопшто не содржи компоненти од американските произведувачи, пишува Verge.

Бројните делови од американските производи ги замени со компоненти од јапонско и тајванско производство.

Сепак, да се потсетиме на изјавата на Лианг Ху: Huawei би сакал да продолжи да интегрира и купува компоненти од американските партнери. Ако тоа се докаже како невозможно поради одлуката на американската влада, нема да имаме друг избор освен да пронајдеме алтернативна понуда од изворите кои не се од САД.

Huawei не се ослободи во потполност од американските добавувачи иако на компанијата ѝ е забрането да соработува со повеќето од нив.

Компанијата наведе дека има залиха од компоненти од американските компании, а во меѓувреме се покажа дека кинеските уреди не се зависни од американските делови. На пример, Мate 30 Pro 5G и понатаму користи чипови од компанијата Qualcomm и Texas Instruments.

Технолошките аналитичари истакнуваат дека Huawei сака да ги искористи американските делови додека во потполност не добие забрана, но дека компанијата во потполност е подготвена за производство на мноштво од паметни телефони и без американските добавувачи.

Меѓутоа, останува прашањето дали нивните уреди ќе продолжат да се купуваат надвор од Кина.

Да се потсетиме дека Huawei Mate 30 беше претставен крајот на септември оваа година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе