Гејминг симулатор направен од вистинско Ferrari 458 Italia

Најблиску до возење автомобил на Ferrari во трка повеќето луѓе ќе дојдат со вклучување на видео игрица на конзола или користење на симулатор, но една компанија се потруди да го подигне искуството на повисото ниво.

Станува збор за компанијата Chartwell, која работи под лиценца на Ferrari и е со седиште во Дербишир, Англија. На прв поглед, симулаторот изгледа како вистински автомобил, со тркала, прозорци, значки, па дури и две издувни цевки во центарот на задниот браник. Сепак, единствениот асфалт по кој корисниците ќе возат е направен од пиксели.

Ако се погледне подетално, се откриваат лажни дискови за сопирачки најверојатно направени од хартија, а истото важи и за V8 моторот. Дел од симулаторот се две матични плочи Sporting MSI X470 Gaming Plus, две графички картички Corsair Venegeance LPX GeForce RTX 2080 од 16 GB и AMD 7 2700X процесори, сите сместени во моторниот простор.

Сето ова се напојува со софтверот iRacing, кој корисниците го искусуваат со користење на VR слушалки. Тие се сместуваат во внатрешноста така што седат во две спортски седишта Sparco со подлоги на Next Level Racing Motion Platform V3, за да ги имитираат Г-силите и вибрациите на вистински автомобил. Исто така, има два комплета педали Fanatec Clubsport, секој со три педали, нешто што Ferrari никогаш не го понуди за 458. Напред се тркачките волани Thrustmaster TS-PC Ferrari, така што е можно меѓусебно да се натпреварувате.

Симулаторот се продаде за 32.750 фунти.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе