Рома и официјално потврди дека актуелниот тренер на Волчицата, Даниеле Де Роси, ќе го води тимот на Рома и во следната сезона.
Сопствениците на Рома, Ден и Рајан Фридкин, ја објавија својата официјална изјава за поддршка на Де Роси.
„По состанокот што го одржавме во средата попладне, со задоволство можеме да објавиме дека тој ќе остане главен тренер на Рома и понатаму оваа сезона и во иднина. За кратко време како тренер, тој имаше позитивно влијание врз целиот клуб. Даниеле го води тимот со почит и храброст, а неговата сила и верба во клубот се во согласност со вредностите на Рома, клубот и навивачите. Ќе продолжиме да работиме заедно колку што можеме за да ја обезбедиме иднината на навивачите Не може да бидеме посреќни за долгорочниот проект со Даниеле. Детали ќе бидат објавени во наредните денови. Форца Рома!“, се наведува во изјавата на сопствениците.
Оваа најава дојде во пресрет на реваншот од четвртфиналето на Лига Европа, кој Рома ќе го игра против Милан на Олимпико, откако Волчицата ги победи Росонерите со 1:0 во првиот натпревар на „Сан Сиро“ минатата недела.
Де Роси го замени Жозе Мурињо во јануари и потпиша договор до крајот на сезоната. Тој забележа 11 победи во 16 натпревари во сите натпреварувања со три нерешени и два порази.
Рома беше деветта на табелата во Серија А кога дојде Де Роси, а сега е петта и се бори за пласман во Лигата на шампионите. Под негово водство, тимот постигна 35 гола на 16 натпревари и прими 18.