Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

На девизните пазари благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,09 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,03 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,70 на 154,75 јени.

Со оглед на тоа што доларот лебди на највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти се закануваат дека ќе интервенираат за да спречат натамошно слабеење на јенот.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0655 долари, додека вчера во ова време беше 1,0665 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,51 отсто, на 87,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,54 отсто, на 82,35 долари.

Азиските берзи го следат растот на Волстрит

На азиските берзи цените на акциите пораснаа, како и на Волстрит ден претходно, додека инвеститорите чекаат нови квартални деловни резултати на големите компании и нови макроекономски показатели.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, во 07:00 часот порасна за 0,5 отсто, добивајќи сила втор ден по ред.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 1,6 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за 0,4 отсто.

Растот на азиските берзи втор ден по ред е благодарение на смирувањето на тензиите на Блискиот Исток, меѓу Израел и Иран.

Покрај тоа, инвеститорите беа охрабрени од вчерашниот пораст на Волстрит по шестдневниот пад. Dow Jones зајакна за 0,67 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,87 отсто, а Nasdaq индексот за 1,11 отсто.

„Мислам дека тоа е стандардно купување, откако акциите паднаа за 5 отсто порано. Инвеститорите оваа недела ја чекаат заработката од неколку големи компании и економски показатели кои би можеле да покажат што може да направи ФЕД со каматните стапки“, рече Ламар Вилере, портфолио менаџер во Villere & Co.

Во претходните пет месеци, најголемата светска берза силно порасна бидејќи инвеститорите очекуваа ФЕД агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од јуни.

Сепак, сè појасно е дека централната банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи пазарот на трудот е сè уште силен, економијата расте, а инфлацијата е сè уште покачена.

Затоа, пазарот на пари сега проценува дека има само 15 отсто шанси за намалување на каматните стапки на ФЕД во јуни, а околу 42 отсто во јули.

Во тековната сезона на објавување квартални деловни извештаи, резултатите на повеќето компании не беа многу охрабрувачки.

Оваа недела, меѓу другите, технолошките гиганти како Tesla, Meta Platforms, Alphabet и Microsoft ќе објавуваат извештаи.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе