Бејл мисли на голф и кога е на тренинг со Реал

Гарет Бејл повторно е во центар на вниманието во Шпанија и тоа поради видео од тренинг со Реал Мадрид што ги вознемири навивачите на клубот.

На снимката се гледа како Велшанецот си го вежба замавнувањето за удар во голф додека ја стигнува топката на тренинг со фудбалскиот клуб од шпанската престолнина.

Можеби станува збор само за шега, со оглед на тоа дека Бејл и претходно бил критикуван дека повеќе игра голф отколку фудбал, но навивачите дефинитевно нема да се смеат следен пат кога ќе го видат на „Сантијаго Бернабеу“.

Бејл очигледно не е премногу загрижен – повреден е и најверојатно ќе го пропушти Ел Класико против Барселона што треба да се одржи по две недели.

Уште во мај кога се шпекулираше дека Реал ќе се збогува од Бејл, се рашири фамозната изјава на Велшанецот: „ Договорот ми трае уште три години и ако сакаат да се ослободат од мене ќе мора да ми исплатат 17 милиони евра по сезона. Ако не сакаат, ќе останам во клубот и ќе играм голф.“

Тогаш почна анимозитетот на навивачите на Реал кон Бејл што дополнително беше подгреан кога тој позираше со знаме на кое пишува: „Велс. Голф. Мадрид, По тој редослед“.

Бејл не крие дека е голем убител на голфот и овој спорт има голем удел во неговите планови за пензионирање.

„Имам намера да ги соберам сите мои пријатели и да направиме една голф тура околу светот, да играме на најпознатите терени за голф. Веќе направив пресметка колку би ме чинело, околу 35.000 фунти по човек“, рече во септември Велшанецот и додаде дека планира да ги покрие трошоците за оваа пензионерска авантура.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе