Љубов и секс

Зошто е тешко да се прекине нездрава врска?

4. март 2019 - 17:58 | Б.С.Б.

Никогаш не е лесно да прекинете врска со некој кон кого сте имале чувства. Уште потешко е кога треба да раскинете врска која едноставна не е здрава. Не само што ќе бидете тажни по раскинувањето, туку овде вклучени се и други работи.

„Не е реткост луѓето да не можат да раскинат било каква врска, особено нездрава. Треба да се разгледаат многу фактори пред раскинувањето, а тоа не е лесно“, вели терапевтот Џордан Медисон.

Кога на тоа ќе се додадат и токсичните фактори, станува уште потешко. Но, не и невозможно, експертите откриваат зошто некогаш е толку тешко да се раскине врска која не е здрава.

1. Се обидувате да бидете разумни

„Една од причините зошто луѓето остануваат во нездрава врска е тоа што се обидуваат да бидат разумни и да го прифатат партнерот таков каков што е“, вели експертот за врски Лидија Кочуб.

„Сите сакаме некој кој безусловно нè сака, поради што понекогаш се тераме себеси да бидеме во врска која не е добра за нас“, вели таа.

Тоа што е важно е да препознаете кога не вреди повеќе да се борите за врската или партнерот и едноставно да си дадете себеси дозвола да раскинете.

2. Сакате да ги поправите работите

На сите врски треба да се работи, но кога сте во нездрава врска постојано имате работи кои треба да ги решите, поправите. И, понекогаш е тешко да престанете со тоа, како што е тешко да поверувате дека вашиот партнер нема да се промени.

3. Чекате врската повторно да биде подобра

Многу токсични врски имаат убав почеток, многу луѓе остануваат во вакви врски чекајќи работите да бидат повторно како порано. Но, всушност, односот често е токсичен, а сè поголеми се шансите дека ништо нема да биде како порано. Ако вашиот партнер не се променил после искрени и отворени разговори, тешко дека некогаш ќе се промени.

4. Сте вложиле многу енергија

Сте вложиле толку многу енергија во врската, како што е и случај со токсичните врски, поради што ви е потешко да си заминете. Но, не е потребно да останете во таква врска.

5. Не можете да замислите повторно да бидете сами

Поради тоа што токсичната врска ви ги намалила самодовербата и самопочитта, ви изгледа невозможно да ја прекинете. Многу луѓе мислат дека нездравата врска е подобра опција отколку да бидат сами. Попрвин би биле несреќни отколку сами. Но, кога малку ќе поработите на самодовербата и самопочитта, ќе ви се отворат нови хоризонти и сами ќе си олесните да ставите крај на една ваква отровна врска.