По успехот на филмот Pretty Woman, Џулија Робертс стана една од најбараните холивудски актерки во 90-тите и прв избор на многу продуценти кои работеа на романтични комедии.
Меѓу нив беше и Едвард Цвик, еден од продуцентите на оскаровецот Shakespaere in Love. Романтичната комедија со Гвинет Палтроу како Вајола де Лесепс и Џозеф Фајнс како Вилијам Шекспир, ја затераа малери уште во претпродукција.
Според списанието Variety, Цвик открил во есеј во кој го опишува создавањето на Shakespaere in Love дека Робертс била главниот избор за улогата на Вајола де Лесепс, а нејзиниот интерес за филмот довел до тоа Universal Pictures да се согласи да го финансира целиот проект.
Робертс полетала за Лондон, каде што требало да има аудиции со актери кои би ја играле улогата на Шекспир, но актерката станала опседната со идејата Даниел Деј Луис да го игра славниот драматург.
„Тој е брилијантен - убав и интензивен. Исто така е многу смешен“, му рекла Робертс на продуцентот. „Дали ја видовте неговата изведба во A Room with a View? Исто така глумеше во адаптации на Шекспир. Не мислите дека би бил совршен? Можам да го убедам да ја прифати улогата“.
Но Деј Луис ја одбил улогата затоа што сакал да се посвети на снимањето на филмот In the Name of the Father во режија на Џим Шеридан.
Робертс потоа учествувала на аудиција со голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Реиф Фајнс, Хју Грант, Колин Фирт, Шон Бен и многу други актери.
„Џулија им најде маани на сите: еден бил вкочане, друг не беше романтичен итн.“, рече Цвик.
По неуспешната аудиција со Пол Мекган, Робертс одлучила да го напушти целиот проект и да се врати во САД. Universal Pictures го одбиле филмот на кој потрошиле околу шест милиони долари.
Години подоцна, студиото Miramax одлучи да го оживее Shakespaere in Love, а улогата на режисер ја презеде Џон Маден. Филмот беше номиниран за 13 Оскари, а освои дури седум, вклучувајќи го и Оскарот за најдобра женска улога, кој ѝ припадна на Гвинет Палтроу.
Дали мислите дека филмот ќе беше подобар со Џулија Робертс и Даниел Деј Луис?