За кој автомобил би се одлучиле - Porsche Cayman или Alpine A110?

Обожавателите на спортските модели со централно поставен мотор можат да бираат помеѓу два одлични автомобила.

Со иста цена (65.000 евра) и одлични перформанси - ќе ги стават купувачите на слатки маки.

Од една страна, го имате познатиот германски автомобил Porsche 718 Cayman T со 4-цилиндричен 2.0-литарски турбо бензин мотор со 300 коњски сили и 380 Nm.

Од друга страна, го имате Alpine A110S со 1,8-литарски четирицилиндричен мотор кој испорачува 292 коњски сили и развива 320 Nm максимален вртежен момент.

Британското списание Autocar ги проба и двата автомобила. Погледнете го видеото и оставете ни коментар за кој автомобил би се одлучиле вие.