Вевчанскиот карневал ќе се одржи со дел од обичаите и почитување на протоколите

Традиционалниот Вевчански карневал, кој околу 15 века се одржува на 13 јануари во Вевчани, поради пандемијата со коронавирусот годинава ќе се одржи под посебни мерки и протоколи со цел заштита од ширење на COVID-19, но ќе задржи дел од обичаите, преку кои вевчанци со векови наназад „го бркаат злото“.

Заменик претседателот на василичарското друштво „Долна маала“, Перо Тешиноски, вели дека имаат притисок од населението за одржување на традицијата, со која се „брка лошото“.

– Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. За предводниците, односно зетот, невестата, глупавиот август и музичарите можам да гарантирам дека ќе се придржуваат кон препораките за држење дистанца. Се надевам дека и останатите ќе го испочитуваат ветеното. Имаме голем притисок од жителите да се направи вековниот обичај, со кој се брка лошото, изјави Тешиноски.

На синоќешниот состанок на друштвото било договорено дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре.

Од василичарското друштво „Горна маала“ велат дека ја следат состојбата и насоките и деновиве ќе излезат со став.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Култура

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Read more

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Read more

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Read more

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе