Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат православната Нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната Нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од IV век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Култура

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Read more

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Read more

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Read more

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Read more
 

Вести

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Читај повеќе

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Читај повеќе

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе