Уште еднаш, овојпат без солзи: „Архангел“ се поезијата на Скопје

Александра Спасеска
/ 27.07.2021 / 20:49

Многу пати сум го кажала ова, но со секое слушање/навраќање на „Архангел“ откривам нови слоеви на нивниот музичко-поетско-општествен гениј и не можам поинаку освен да се предадам и да се восхитувам.

Фото: Филип Здравески / КАЈГАНА

Сѐ што ќе кажам и премолчам за „Архангел“ и Скопје секогаш ќе биде крајно субјективно.

Дури и додека го пишувам текстов знам дека нема да можам да ја задржам објективноста во пренесувањето на тоа што значи музиката на „Архангел“ за Скопје, а тоа ми се докажа на вчерашниот концерт на кој стиховите на урбаниот поет Ристо Вртев одново оживеаја во музиката на „Архангел“, низ призмата на маестро Џијан Емин, со неповторливата Македонска филхармонија.

Вртев заплака на „Милион долари“. Секој од нас си заплака на стихот што е „наш“. Кој од среќа, кој од тага.

Ми се чини и не можеше да биде посоодветно одбележувањето на 58-та годишнина од денот кога Скопје за миг умре и пак се крена од пепелта како феникс, кога на плеќите на светската солидарност одново никна градот што го сакаме „во сите можни облици“, отколку со една нова инкарнација на, веќе шестдеценискиот гениј, Вртев.

Во секој стих на епохалните „Архангел“ дише некој дел на Скопје што или живее само во колективната меморија на секој кој се чувствува како скопјанец и за кој тоа не е географски наследена карактеристика, или дел што сѐ уште постои во некоја нова форма, а сепак истата непобитна содржина.

Бидејќи „Архангел“ не се само бенд и Скопје не е само град. На вчерашниот концерт во Градскиот Парк сите ја почувствувавме таа универзална љубов, бевме свесни дека сме ја имале уникатната привилегија да бидеме дел од приказната наречена „Архангел“. Вчера музиката невидливо нѐ поведе „в постела од топли прегратки“ и сите го почувствувавме „тој плач на детето во себе“.

Токму „Архангел“ се поезијата на Скопје – поезијата што успева одново и одново да ја долови личната и универзалната човекова љубов, болка, лудило и (не)среќа. Особено скопската.

Маестро, свири ја уште еднаш, за Скопје. Овојпат без солзи.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе