Трет смртен случај од кинескиот вирус, регистрирани заболени и надвор од Кина

Кина соопшти дека е регистриран трет смртен случај и 139 нови заразени со воспаление на белите дробови поврзано со коронавирусот, и потврди дека вирусот се проширил и во Пекинг.

Со ова бројот на регистрираните случаи на болеста достига 201, а 170 пациенти сѐ уште се во болница. Деветмина се во критична состојба, соопштија здравствените власти во градот Вухан, централна Кина.

Случаи на болеста поврзани со новиот коронавирус веќе се регистрирани и надвор од Кина – два на Тајланд и еден во Јапонија. Сите заболени се по потекло од Вухан, или неодамна го посетиле градот.

И Јужна Кореја соопшти дека е регистриран првиот случај на болеста во земјата. Тој е откриен кај жена од Кина која пристигнала од Вухан.

 

Новиот вирус спаѓа во истиот тип коронавируси кои предизвикуваат тежок акутен респираторен синдром како САРС.

Во глобалната епидемија на оваа болест во 2002 и 2003 година починаа речиси 800 луѓе.

Некои научници предупредуваат дека новиот вирус можеби не е смртоносен како САРС, но за него моментално се знае многу малку – не е познато неговото потекло, ниту колку лесно се шири меѓу луѓето.

Новата епидемија се појави кусо време пред празниците за кинеската Нова година, кога стотици милиони Кинези патуваат за да ги посетат своите роднини.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе