Столтенберг: НАТО не сака да ја изолира Русија

Отава, 4 април 2018 (МИА) - НАТО не се обидува да ја изолира Русија, но мораше да реагира за да го манифестира своето незадовоство поради случајот со Сергеј Скрипал, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Ние и натаму тежнееме кон подобри односи со Русија, бидејќи таа држава е наш сосед и ќе остане тоа. Не сакаме да ја изолираме Русија“, изјави Столтенберг во обраќање на Универзитетот во Отава.

Поради труењето со нервен агенс на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери, НАТО во знак на солидарност со Велика Британија минатата недела протера седум руски дипломати од седиштето на Алијансата во Брисел.

„Моравме да реагираме така, затоа што тоа не е само еден случај. Тоа е напад кој укажува на шаблонот на омраза кој со години во гледаме од Русија“, истакна Столтенберг, посочувајќи ги како примери руската „анексија на Крим, дестабилизацијата на источна Украина, поддршката на сирискиот режим и мешањето во работите на други држави“.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко вчера, како што јави МИА, оцени дека со претерувањето на руските дипломати од седиштето на НАТО, Алијансата „сама себе си си пукала в нога“.

„Задавајќи им удар на службите надлежни за пружање точни инфромации за тоа што се случува во Алијансата, НАТО првенствено се казнува себе си, а не нас. На крајот на кариштата, ако не сакаат дијалог, дијалог нема ни да има. Сите знаат дека за танго се потребни двајца. Со тоа Алијансата си нанесува штета на сопствената безбедност“, изјави Грушко.

Тој оцени дека постапките на НАТО се во спротивност со големиот број соопштенија на генералниот секретар и на другите официјални претставници на Алијансата, кои тврдат дека Пактот е заинтересиран за одржување на политичкиот дијалог со Москва и апелираат за свикување нов состанок на Советот НАТО-Русија.

„Во сегашните услови невозможно е да се свика таков состанок“, заклучи Грушко.

Велика Британија за труењето на Скрипал и неговата ќерка ја обвинува Русија, која пак негира каква и да било нејзина поврзаност со случајот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе