Научниците кои го истражуваат потеклото на вселената успеаја да фотографираат кластер галаксии што се оддалечени 6 милијарди години од Земјата.
Фотографијата снимена со телескопот Hubble ги воодушеви вљубениците во астрономијата, но и широката јавност.
Научниците од проектот Frontier Fields чија цел е собирање најрани фотографии од космосот успеаја да ја снимат Abella 370 и полето галаксии околу.
Abell 370 се наоѓа во соѕвездието Cetus, познато како Морско чудовиште.
На светлината од галаксиите ѝ се потребни милијарди години за да стигнат до Земјата, што значи дека фотографијата на Hubble е од далечното минато.