Спасовски: Пропустот за бегството на Груевски да го утврди Обвинителството и да покрене постапка

Најдобро е пропустот за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски да го утврди обвинителството и да покрене постапка,  вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што изјави денеска Спасовски, тој не се чувствува повикан од ставот во обраќањето на претседателот Стево Пендаровски дека е разочаран што една година по бегството на Груевски, сè уште нема извештај од институциите за тоа како избега Груевски.

– Јас не се чувствувам воопшто повикан затоа што начинот на којшто се случи тоа го покажува точно пропустот, но најдобро е тој пропуст да го утврди Обвинителството и да покрене постапка во однос на секој настан кој ќе ни се случува затоа што ако немаме покренување постапки, ако немаме казнивост тогаш може да ни се повторуваат овие дела. За тоа говорам цело време, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на активностите за изградба нанова зграда за Одделот за крим техника при Министерството за внатрешни работи.

Спасовски дополни дека извештајот од внатрешната контрола во МВР за бегството на Груевски е предаден веднаш во Јавното обвинителство и оти на јавноста ќе ѝ бидат соопштени информации кога ќе биде затворена истрагата.

– Истрагите не може да ги водиме во јавност и преку камери, тие се водат во ЈО и кога ќе дојде моментот на затворање на истрагата се соопштува во јавност, наведе Спасовски.

Прашан дали очекува да биде идниот технички премиер, тој повтори дека е подготвен сум да се бори за уште еден мандат на Владата, без оглед на тоа, како што вели, дали ќе биде на одредена позиција или само потпретседател на СДСМ.

– Таа работа никој не може да ни ја земе за да направиме се СДСМ да биде идниот мандатар, рече Спасовски.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе