Состојба со COVID-19 во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.626.096 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 97.331, а оздравеле 366.499 луѓе.

Белград – Во Србија има 238 новозаразени од коронавирус, 2.107 се хоспитализирани, а на респиратор се 136. Уште петмина се починати, со што вкупниот број достигна 71.

Загреб – Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 88 новозаболени од коронавирус и сега вкупниот број изнесува 1.495. Хоспитализирани се 343 лица, 34 пациенти се на респиратор, а 21 лице почина.

Берн – Швајцарија забележува зголемување на бројот на жртви од COVID-19, така што моментално има 805, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вчера биле регистрирани 756 починати како последица на оваа болест. Исто така, бројот на заразени пациенти се зголеми на 24.308, додека претходниот ден беше 23.574, додаде Министерството.

Лондон – Британскиот лекар Абдул Мабуд Чаудури, кој јавно го предупреди премиерот Борис Џонсон за недостиг од заштитна опрема за медицинските работници, почина од вирусот COVID-19.

Брисел – Во Белгија од коронавирус за еден ден починаа 325 лица, најмногу досега, соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека вкупно има 3.019 починати. За последните 24 часа, регистрирани се 1.648 новозаразени, а просечниот број нови случаи дневно е од 1.000 до 1.700 заразени.

Амстердам – Бројот на заразени од коронавирус во Холандија денеска се зголеми за 1.335, така што вкупниот број изнесува 23.097. Починати се вкупно 2.511 лица, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Токио – Градските власти на Токио побараа поостри рестриктивни мерки и наредија затворање на голем број продавници и ресторани, додека од поранешната јапонска престолнина Кјото е упатен апел до туристите да не доаѓаат поради епидемијата.

Сиднеј – Министерот за култура на Нов Јужен Велс, Дон Харвин, денеска поднесе оставка, откако беше откриено дека заминал во неговата викендичка покрај море и покрај забраната за патување, освен во случај на итна потреба.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе