Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Макфакс
/ 07.05.2024 / 16:32

Италијанскиот министер за одбрана, Гуидо Крозето, изјави дека санкциите наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи повеќе за да преговара за дипломатско решение со претседателот Владимир Путин, со цел да се стави крај на војната во Украина.

Крозето за весникот Il Messaggero изјави дека Западот погрешно верувал дека санкциите може да ја запрат руската агресија и го прецениле неговото економско влијание во светот.

„Наместо тоа, единствениот начин да се реши оваа криза е сите да бидат вклучени, прво да се воспостави примирје, а потоа мир“, рече Крозето. На забелешката на новинарот дека Путин не покажал волја за преговори, министерот за одбрана на Италија одговорил дека „тоа е добра можност да се потрудиме повеќе“.

„Не смееме да пропуштиме ниту еден дипломатски пат, колку и да е тесен“, посочи тој. Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина со цел „да се обезбедат време и услови за постигнување прекин на огнот и мир“.

Министерот исто така предупреди дека во случај Русија да го окупира Киев „тоа неизбежно ќе доведе до конфликт со други земји, кои нема да прифатат руски тенкови да се наоѓаат на нивните граници“.

Минатогодишната украинска контраофанзива ја нарече „грешка со оглед на воената супериорност“ на Русија велејќи дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленскиј дека е осудена на пропаст, но тој не го послушал.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе