Состојба со COVID-19 до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.365.065 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 76.488, а оздравеле 293.879 луѓе.

Загреб – Во текот на изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 60 новозаразени од COVID-19, со што вкупниот број изнесува 1.282. Според новите податоци од Националниот штаб за цивилна заштита, уште двајца пациенти починале. Вкупниот број смртни случаи од коронавирусот е 18. Меѓу пациентите, 51 процент се мажи, а 49 проценти се жени.

Приштина – Уште едно лице во Приштина почина од коронавирус, соопшти Клиничко-болничкиот центар во тој град. Станува збор за 65-годишен пациент од Урошевац, кој бил пренесен во Приштина во тешка состојба.

Букурешт – Во Романија досега се потврдени 4.417 случаи на заразени со коронавирус, од кои 360 во последните 24 часа. Има два нови смртни случаи, така што вкупниот број изнесува 184. Станува збор за мажи на возраст од 69 и 46 години.

Лондон – Состојбата на британскиот премиер Борис Џонсон, кој е на интензивна нега, во текот на ноќта беше стабилна, изјави денеска неговиот портпарол. Тој рече дека Џонсон добил стандардна терапија со кислород и не бил на респиратор.

Амстердам – Во Холандија за еден ден се регистрирани 777 новозаболени со вирусот Ковид-19 со што бројот на заразени достигна 19.580, соопшти холандскиот Институт за здравје. Во последните 24 часа од новиот коронавирус починале 234 лица, со што вкупниот број починати изнесува 2.101. Сепак, Институтот посочува дека некои починале во текот на викендот, а биле пријавени вчера.

Берлин – Германските лаборатории минатата недела обработија 332.414 тестови за коронавирус, што е за 5,9 проценти повеќе од една недела претходно, соопшти денеска Здружението на сертифицирани лаборатории во Германија – АЛМ.

Минхен – Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер денеска истакна дека населението мора да биде подготвено да се соочи со јавните ограничувања до јуни и потоа.
Тој рече дека Баварија има наклонетост кон планот на австриската Влада за намалување на рестриктивните мерки за борба против коронавирусот, но дека развојот во соседната земја е три недели пред Баварија.

Стокхолм – Во Шведска денеска се регистрирани 114 смртни случаи од новиот коронавирус, со што вкупниот број жртви на пандемијата во скандинавската земја достигна 591. Шведска користи помек пристап за да го спречи ширењето на болеста. Шведската агенција за јавно здравје соопшти дека регистрирала вкупно 7.693 потврдени случаи на COVID-19 во земјата со околу 10 милиони луѓе, додавајќи дека некои од новопријавените смртни случаи биле поради ревидирани податоци од претходните денови. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе