Што знае дете што се 62.000 долари

Борбата против микротрансакции и виртуелни loot box не е ништо ново и иако многу земју веќе постигнуваат напредок во справувањето со ваквите предаторски елементи на видеоигрите, уште има екстремни случаи.

Во најновото сослушување на оваа тема, што го спроведе британската Влада, беше откриено дека еден играч во играта RuneScape преку микротрансакции потрошил неверојатни 62.000 долари.

Уште поголемо било изненадувањето кога било откриено дека се работи за малолетник кој ги користел кредитните картички на родителите.

Да биде сѐ уште „поинтересно“, играта RuneScape има лимит, што значи дека еден играч не може да потроши повеќе од 1.000 долари неделно или 5.000 долари месечно, па чудно е што еен играч направил толкава сметка, а никој не реагирал.

Микротрансакциите со текот на годините стануваат сѐ поважен дел од игрите, а со доаѓањето на Fortnite почна вистинска експанзија на разни бесмислени додатоци што може да се купат во други игри, што придонесе за поголеми трошоци во самата игра.

Поголемиот дел од гејмерската заедница изразува незадоволство за ова, но со оглед на тоа дека има играчи кои се подготвени да трошат пари, а на компаниите тоа очигледно не им пречи, се чини дека „војната“ допрва почнува.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе