Шмајхел: Солскјер заврши одлична работа

Поранешниот дански голман и сограч од златната генерација на сегашниот тренер ја пофали неговата работа и покрај тоа што резултатите се под очекувањата.

„Мислам дека тој заврши одлична работа. И тоа како ги надмина моите очекувања во поглед на тоа што може да се направи за краток период. Мора тоа да се напомене“, вели Данецот во интервју за CNN.

Петер Шмајхел и Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед настапуваа заедно од 1996 до 1999 година кога Данецот замина во Спортинг. Токму во последната сезона триумфираа во Лигата на шампионите во незаборавното финале со Баерн кога Норвежанецот го постигна победничкиот гол во третата минута од судиското надополнување.

Солскјер и Шмајхел како играчи на Јунајтед

„Просто кажано, тој наследи шестгодишен период во кој тимот константно беше упатуван во различни правци. Презема тим со играчи кои работеа со Сер Алекс Фергусон, со Дејвид Мојс, со Луи ван Хал и со Жозе Мурињо. Сите тие се различни. Се разликуваат по нивниот пристап и по тоа какви играчи им се допаѓаат. Така да тој и немаше шанса да изгради тим по свој вкус“, смета Шмајхел.

Солскјер застана на клупата на „Црвени ѓаволи“ на 19 декември 2018 година како привремено решение, но откако управата беше задоволна од неговата работа, и покрај отсуството на резултатите, на 28 март 2019 потпиша тригодишен договор.

Петер Шмајхел е татко на голманот на Лестер и на репрезентацијата на Данска, Каспер Шмајхел.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе