Шарапова објави крај на кариерата

Руската тенисерка Марија Шарапова на 32 години ја заврши кариерата, а веста за тоа ја сподели на Instagram со фотографија од нејзиното детство.

Триесет и двегодишната тенисерка на ваков чекор се реши поради зачестените повреди кои ја спречија да се врати во претходната форма. Русинката се обидуваше изминатите 15 месеци да ги надмине проблемите, но не успеа.

Во 2016 година беше суспендирана поради користење забранета супстанца – мелдониум. Таа тврдеше дека не знаела дека лекот е на листа забранети супстанци на Светската агенција за борба против допингот.

Шарапова има освоено пет титули на Грен слем турнирите, првата на Вимблдон кога имаше 17 години.

Според Forbs, атрактивната Русинка до 2015 година, пред нејзината суспензија, заработи околу 30 милиони долари и е женски спортист со најголема заработка за 11 години.

По враќањето на терените кога заврши суспензијата во 2017 година, Шарапова се соочи со отпор. Некои официјални претставници на турнирите одбиваа да ја покануваат, додека некои од ривалките искажуваа незадоволство кога добиваше „вајлд карта“, тврдејќи дека е неправедно тенисерката која била санкционирана поради допингување, да добива „специјална покана“ за учество. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе