Rolls Royce на слатки маки: Премногу купувачи го сакаат новиот Cullinan

Додека Брегзит предизвикува паника кај голем дел од британските компании, во Rolls Royce бараат начин да ја задоволат огромната побарувачка за новиот модел Cullinan, кој е првиот ултралуксузен SUV од овој производител.

Од самиот почеток на производството на луксузниот Cullinan, со кој Rolls Royce дебитираше во SUV сегментот, британската компанија работи под полна пареа со цел да ги задоволи барањата на купувачите, кои не се колебаа да го купат овој модел и покрај високата цена.

Според изјавата на извршниот директор на Rolls Royce кој е задолжен за пазарот во Северна Америка, работниците во фабриката работат со полн капацитет за да ги произведат и испорачаат сите нарачани примероци на Cullinan, но листата со нарачки моментално е толку голема што некои од купувачите ќе треба да чекаат до јули за да пристигнат нивните возила.

Во обид да ги испорачаат сите нарачки, а со оглед на тоа дека богатите купувачи не сакаат да чекаат, Rolls Royce вработи дополнителни 200 работници и почнаа интензивно да размислуваат за проширување на производните капацитети.

Од компанијата велат дека поголемиот дел од купувачите кои покажале интерес за новиот модел се девојки, што е нов и невообичаен случај во досегашното постоење на компанијата. Само за потсетување, Rolls Royce Cullinan е ултралуксузен SUV со 570 коњски сили, 6,7-литарски битурбо V12 мотор кој му овозможува на автомобилот максимална брзина од 250 километри на час.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе