ПРЕД ВЕЧЕРАШНИОТ КОНЦЕРТ СО ФИЛХАРМОНИЈА

Ристо Вртев: Песните на „Архангел“ сега ми будат поинакви емоции од времето кога беа напишани

Tрадиционално, во соработка со град Скопје, на 26 јули во 21 часот во Градскиот Парк ќе се одржи концертот „Филхармонија на отворено“.

Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови „Архангел“, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд со кој пораснаа многу генерации. Оркестрацијата на Емин ги следи авторските компоненти на песните, но, оркестрацијата е целосно авторска и оригинална. Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на Архангел - Ристо Вртев.

-Многу сме среќни, што и оваа година, го реализираме концертот „Филхармонија на отворено“, настан кој премина во традиција, посебно што оваа година тој е посветен на „Архангел“ – бендот кој остави траен печат во македонската рок историја. Сите знаеме кои се „Архангел“, кој е Ристо Вртев, тој е вистински волшебник за мене – вели Тина Иванова, в.д. диркторка на Филхармонија.

Ристо Вртев, вели дека привилегија е за секој рок музичар да има ваков оркестар зад себе, и дека ваквите проекти треба да станат традиција.

-Сега, додека ги пеам песните, во ваков амбиент, откривам нови работи, ми будат поинакви емоции од времето кога беа напишани. Се надевам дека со овој концерт ќе придонесеме нашиот град да биде уште поубав – вели Вртев.

Оркестрациите на песните се на Џијан Емин и тие ќе понудат поинаква звучна слика на песните од „Архангел“.

-И покрај тоа што сум работел со „Архангел“, мојот прв настап со овој бенд како клавијатурист беше во 1998 година, јас себеси, пред се се гледам како фан на овој исклучителен македонски бенд. Така што можам да кажам дека, покрај тоа што ќе го водам овој концерт во сабота, јас воедно ќе бидам и дел од публиката – истакна Емин.

Традиционално овој концерт се реализира во соработка со Град Скопје.

-Возбудени сме што оваа година одбележувањето од трагичниот земјотрес на нашиот град ќе биде збогатено со најдоброто нешто, со музиката на еден од најдобрите македонски бендови „Архангел“. Добрите познавачи ја ставаат оваа музика во т.н. категорија на безвременски песни кои му пркосат на времето и живеат вечно, благодарени на својот врвен музички квалитет – вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Дизајнот на плакатот за настанот е на Горан Златевски, а концертот ќе биде збогатен и со визуелизацијата на Наташа Поплавска, а анимациите на Дејан Матиќ -Део.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе