Филмот „Joker“ урива рекорди на гледаност, а режисерот Тод Филипс неодамна ги израдува обожавателите со изјавата дека би било вредно да се сними продолжение.
Иако моментално не работат на тоа, тој вели дека би се согласил на продолжение доколку во главната улога повторно се најде Хоакин Феникс.
„Тоа не би било само див и луд филм за „принцот на криминалот“. Мора да има некоја тематска резонанца на сличен начин како што има првиот филм. Толку филмови ја спомнуваат искрата, но Џокер е барутот. Ако сме во состојба повторно да го направиме сето тоа во продолжение, би било многу интересно“, изјави Филипс.
Шпекулациите за продолжение на филмот почнаа во август, а Филипс тогаш изјави дека ќе направи сè само Феникс да ја репризира улогата.
„Joker“ заработи над милијарда долари и е третиот најголем филм на DC за стрипски јунаци, односно негативци, зад „Dark Knight Rises“ кој заработи 1,084 милијарди долари и „Aquaman“ која заработи 1,14 милијарди долари.