Разбојнички напад врз вработена во трафика во Велес

Двајца разбојници завчеравечер физички нападнале вработена во трафика во Велес, но откако не пронашле пари, заминале во непознат правец.

Како што соопшти полицијата, околу 22 часот и 35 минути, во трафиката „Леди Ди Трејд“ на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес две непознати лица извршиле разбојништво над вработената Т.П. (51) од Велес.

Напаѓачите влегле во трафиката и ѝ се заканиле на вработената, при што едното лице со едната рака и ја затнал устата, а со другата рака неколку пати ја удрил во пределот на лицето и телото, додека другото лице ги пребарувало фиоките од пултот.

Откако виделе дека нема пари во фиоките, разбојниците излегле од трафиката и се упатиле во непознат правец.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе